Повеќе од седум експлозии во југоисточна Турција
Најмалку седум експлозии во рок од десет минути, одекнаа синоќа во предградие на Дијарбекир, најголемиот град на југоистокот на Турција.
Во градот населен претежно со Курди, 200 цивили се погодени, но нема официјални информации дали има загинати или повредени.
Дијарбекир, еден од најголемите градови на југоистокот на Турција, се смета за неофицијална престолнина на турските Курди.
Во градот имаше повеќе судири, откако Анкара во изминатите месеци на тоа подрачје покрена безбедносна операција против борците на ПКК.
Полициски час е воведен во овој град и во други поголеми места на југоистокот од земјата.
Слично
