Повеќе од 4000 гласачи го регулирале своето избирачко право
Во Државната изборна комисија до денеска напладне се пријавиле 4.038 граѓани чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни.
Од вкупната бројка, 1.785 гласачи се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, а 2.253 тоа го сториле електронски.
Поголем број од гласачите кои се пријавиле се од Чаир, Аеродром, Куманово, Гостивар, Арачиново, Тетово и други општини.
Во следните осум дена во ДИК треба да се пријават 35.464 спорни гласачи.
Понатаму кога списокот ќе биде ставен на јавен увид, граѓаните повторно ќе можат да проверат дали се наоѓаат во списокот, за да можат да гласат на следните избори кои се очекува да се одржат годинава.
Слично
