Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе директори на боледување – Ременски барала да се вратат на работа

Повеќе директори на боледување – Ременски барала да се вратат на работа

Девет директори на Центри за социјални работи во еден ден го известиле Министерството за труд и социјална политика,  дека се болни и дека отвориле боледување.

Користење на боледување најавиле директорите на Центрите за социјални работи во Битола, Струмица, Берово, Радовиш, Кавадарци и други градови.

Оваа информација за „Телма“ ја потврдила и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која беше именувана од редовите на СДСМ,  во согласност со договорот од 20 јули.

Ременски вели дека слично сценарио имало и кога претходно беше избрана како министер во преодната влада за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) денеска обвини дека новата министерка за труд и социјална политика им ги скратила годишните одмори на вработените, и со тоа го прекршила Законот за работни односи. Оттаму велат дека вработените по телефон биле повикани да се вратат на работа и да ги прекинат одморите поради зголемен обем на работа.

„Во случајот вработените имале уредни барања за користење на годишни одмори коишто им биле одобрени од непосредно претпоставените државни службеници и врз основа на тоа донесени се решенија за остварување на правото. Но, и покрај уредно водената постапка министерката за труд и социјална политика побарала писмено преку државниот секретар, а и усно до вработените да го прекинат користењето на годишниот одмор и да се вратат на работа“- наведуваат во соопштението на САДУ.

МТСП ја поздрави реакцијата на Синдикатот. Се надеваат дека САДУ во иднина со иста загриженост ќе ги разгледува претставките за мобинг и нарушување на правата на вработените во администрацијата.

Слично

Поврзани вести