Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе 10 милиони евра чинат штетите од поплавите во Словенија

Повеќе 10 милиони евра чинат штетите од поплавите во Словенија
Околу 2.200 објекти се оштетени од поплавите во Словенија, а материјалната штета само во североисточниот дел на земјата се проценува на околу 10 милиони евра, додека се очекува вкупните штети да изнесуваат многу повеќе поради одроните и оштетвувањето на патиштата, мостовите и инфраструктурата во другите делови на земјата.  Поплавите во североисточниот дел на земјата во најголем дел се предизвикани од зголемување на нивото на водата на реката Драва, а словенечкото Министерство за надворешни работи ги отфрли обвнувањата дека за штетите во земјата се виновни лошите комуникации со Австрија, низ која минува реката пред да влезе на територија на Словенија.
Слично

Поврзани вести