„Повардарие” им „стегна“ кривични пријави на екс министер и заменици министри
Екс министерот за земјоделство Михаил Цветков и поранешните заменици-министри за земјоделство и за економија, Ванчо Костадиновски и Христијан Делев ќе се соочат со кривични пријави за измама и злоупотреба на службената положба и овластување.
Подносител на пријавите според пишувањето на медиумите е винарската визба „Повардарие“ од Неготино.
Имено, како што се наведува „Повардарие“ ги обвинува тројцата поранешни функционери дека со измама ја навеле визбата да откупи грозје за сума од еден милион евра, пари кои тие ги планирале за враќање долг кон Царинската управа.
Според пријавата, ова се случувало во пресрет на последните парламентарни избори, со цел да се задоволат лозарите со образложение дека Цветков, Делев и Костадиновски им ветиле дека ќе издејствуваат одлагање на извршното решение кое се однесувало на долгот кон Царината.
Но, тоа не се случило и визбата морала да го плати и тој долг за да избегне отворање стечајна постапка.
