Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДЕНО: Струјата поскапува за 3,47%

ПОТВРДЕНО: Струјата поскапува за 3,47%
Од утре струјата поскапува за 3,47%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оваа цена ќе важи една година - од 1 јули 2014 до 1 јули 2015 година. Новина ќе биде и тоа што ангажираната моќност од 33% ќе се прикажува како составен дел на цената на потрошената електрична енергија, а не како посебна ставка, како што беше случај до сега. Согласно одлуката на регулаторите, крајната цена за домаќинствата со еднотарифно броило ќе биде 4,48 денари за киловат час, а кај оние со двотарифно броило киловатчас скапа ќе чини 5,59 денари, а евтината 2,80 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика, одлуката за поскапување ја образложуваат со извештаите за зголемени трошоци, што ги доставиле трите енергетски компании - ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН. Тиа покажале и поголеми трошоци за инвестиции, но регулаторите пресметале дека со ова поскапување ќе можат да си ги покријат трошоците и да имаат профитабилност. Кај ЕЛЕМ зголемувањето се должи на вложувањата во новите рудници за јаглен, кај МЕПСО се покриваат зголемените трошоци за откуп на струја од обновливите извори, а кај ЕВН трошоците се должат на фактот што 220 компании излегоа на слободниот пазар и не учествуваат во покривање на дел од трошоците за тарифните потрошувачи, објасни првиот човек на Комисијата Димитар Петров. Бензините и дизелот поскапуваат за два денари!
Слично

Поврзани вести