Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДЕНО: Емил Димитриев е нов технички премиер

ПОТВРДЕНО: Емил Димитриев е нов технички премиер

На премиерската фотелја, до изборите, ќе седне генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Eмил Димитриев. Ова го потврди Илија Димовски, кој изјави дека одлуката била донесена едногласно попладнево во Централниот комитет.

-Нашата намера е да го затвориме овој деструктивен период и да се фокусираме на она што е приоритет на граѓаните. Во согласност со законите, премиерот на актуелната влада поднесува оставка 100 дена пред изборите, изјави Димовски.

Тој рече дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна поддршка на претседателот на партијата, Никола Груевски, за постапките кои тој ги презема за одржување на избори.

Димовски уште еднаш потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се надева дека нема да има измени во датумите за одржување на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април оваа година.

Кој е Емил Димитриев, новиот македонски премиер?

 
Слично

Поврзани вести