Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потврдено: ЕЛЕМ призна дека РЕК Битола не работи!

Потврдено: ЕЛЕМ призна дека РЕК Битола не работи!
Поради  регистрирани технички отстапувања од номиналните параметри во работењето и проработување на заштитните системи, во текот на денешниот ден два енергетски блока на РЕК „Битола“ се исклучени од електроенергетскиот систем, пишува во соопштението на ЕЛЕМ. По извршените проверки на постројките, во тек се операции за пуштање на двата енергетски блока  во производство и се очекува во попладневните  часови истите да бидат вклучени во ЕЕС на државата. Едниот  енергетски блок, кој заради  неопходните активности за оптимизација на параметрите после извршена модернизација на котелот беше во планиран застој, во ЕЕС ќе биде вклучен во раните утрински часови.. Останатите произвдни капацитети на АД ЕЛЕМ произведуваат согласно потребите  на ЕЕС на државата, па нема потреба од дополнителен увоз на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи во земјата, стои во соопштението од ЕЛЕМ.
Слично

Поврзани вести