Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потврдена ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија Косово

Потврдена ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија Косово
Денеска беше потпишана финансиска спогодба за прекугранична соработка, за 2011 година меѓу Република Македонија и Република Косово, од страна на вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи и косовската министерка за европска интеграција Вљора Читаку. Програмата за прекугранична соработка ИПА 2011 е вредна вкупно 600.000 евра, а според вицепремиерката Арифи прекуграничната соработка е значаен инструмент за обезбедување балансиран развој и интеграција на европскиот континент, За Министерката Читаку,  соработката во економијата, културата, трговијата и во други области во пограничниот регион е многу значајна за создавање механизми кои ќе ги зближат народите и ќе овозможат да се засилат заедничките аспирации за членство во ЕУ,  Според неа,  регионалната димензија на ваквите политики ќе генерира позитивна енергија за промовирање на економската соработка и социјалната кохезија и потенцира дека косовската Влада е одлучна да ја зацврсти и промовира соработката со Република Македонија и тоа од повеќе причини. Програмата за прекугранична соработка ИПА 2011 со Косово има за цел промовирање одржлив развој на прекуграничните региони со поддршка на заеднички активности и прекугранични проекти кои би имале влијание врз социјалната и економската состојба на населението, подобрување на заедничкото управување и валоризација на човечките, природните и културните ресурси, како и јакнење на имиџот и кохезијата на регионот. Нејзини потенцијални корисници се непрофитни организации, локални и регионални власти, асоцијации, фондации и стопански комори. Со средствата доделени за 2010 година во рамките на овој проект започна изградбата на една заедничка зграда за пограничните органи, со пратечка инфраструктура, за новиот граничен премин Белановце-Станчиќ.  Реализацијата на овој проект, информираа денеска Арифи и Читаку се очекува да биде завршена до крајот на 2012 година. Во истиот термин треба да биде завршена и реконструкцијата на пристапниот пат до овој премин, кој од страна на Република Македонија е во должина од околу 17 километри.
Слично

Поврзани вести