Потврдена автентичноста на разговорот од страна на Руфи Османи
Руфи Османи потврдил дека телефонскиот разговор кој вчера на прес конференција го објави лидерот на опозицијата и која тврди дека 20 000 граѓани се прислушкувани од страна на лица вработени во МВР под директива на премиерот Груевски ја потврдил автентичноста на аудио снимката, пренесува Вест.
Имено, денеска од НДП чиј поранешен лидер е токму Османи излегоа со реакција во која истакнаа дека нивната долго посочувана констатација дека ова е една од најкриминалните власти што некогаш ги имало во историјата на земјава е токму оваа.
„НДП во континуитет изјавува дека ова власт е една од најкриминалните власти што ги познава историјата на ова држава. Оваа констатација на НДП денеска се потврди уште еднаш со прес-конференцијата на лидерот на македонската опозиција. Фактот дека ова власт има прислушкувано на незаконски и криминален начин повеќе од 20.000 граѓани на ова држава говори за невидено лудило во светската историја. Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш на виделина излегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата кои се прислушкувани, што подразбира лудило што само ова власт може да направи“ соопштуваат од оваа партија.
Тие нагласуваат дека пандорината кутија се отворила и дека враќање назад нема. „Дојдено е време да се исчисти целата историја на сите јавни личности за сите овие 24 години на плурализмот во државата. Само со објавувањето на целата вистина ќе може еднаш засекогаш да се исчисти минатото на секој што бил на власт со конкретна одговорност, и да се отвори процесот на зајакнување на демократијата, слободата и цивилното право и да се врати довербата во институциите на државата.
Целата нивна реакција која ја објавивме денеска прочитајте ја на овој линк.
