Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТТИК НА ЕКОНОМИЈАТА: Ако купите вреден имот во Турција ќе добиете државјанство

ПОТТИК НА ЕКОНОМИЈАТА: Ако купите вреден имот во Турција ќе добиете државјанство

Турција ќе му дава државјанство на секој кој инвестира или купува вредна сопственост во земјата. Мерката е во обид да и се даде нов поттик на влошената економија во земјата. 

Пасоши ќе добиваат странците кои имаат купено турски имот во вредност од најмалку 1 милион долари, инвестирале најмалку 2 милиони долари во економијата или поседуваат најмалку 3 милиони долари во турски сметки.

Соопштението доаѓа покради тековните обиди на земјата да се справи со сериозниот пад на лирата, што според експертите се должи на нестабилноста во политиката и безбедноста во земјата, пренесуваат агенциите. Од истите причини минатата недела турскиот претседател Реџеп Ердоган најави дека талентирани и образовани сириски и ирачки бегалци ќе добијат турско државјанство, ако поминат одредени проверки.

Европската унија претходно ја повика Турција да им го олесни пристапот на сириски бегалци до пазарот на трудот, што барем во теорија би натерало повеќе од нив да не тргнуват на пат кон Западна и Северна Европа.

Слично

Поврзани вести