ПОТРОШУВАЧКО ЛУДИЛО: Алибаба успеа да го урне сопствениот рекорд
За денот на осамените кинескиот трговец продал услуги за 10 милијарди долари.
Еден од најголемите светски онлајн трговци, кинескиот Алибаба извести дека во средата го урнал својот досегашен рекорд на продажба за кинескиот ден на осамени што е повеќе од милијарда долари вредност на услуги купени преку неговата платформа во првите осум минути.
Во првиот час продажбата достигнала дури 3,9 милијарди долари што е речиси двојно повеќе во истиот период лани. Вредноста на продадена стока преку платформата на Алибаба ја надмина вкупната ланска продажба од 9,3 милијарди долари. Имено, за 14 часа продажба вредноста на услугите запрела на 10 милијарди долари. Денот на осамените, познат и како Дупли 11, бидејќи паѓа на 11 ноември е покренат во 90-тите и е главен настан за кинеските трговци.
Рекордната минатогодишна вредност на продажбата од 9,3 милијарди долари е остварена оваа година за само 12 часа. За споредба, продажбата на Cyber понеделник, најголем онлајн шопинг ден во САД, изнесувала 2,4 милијарди долари. На денот на осамените кинеските продавници нудат големи попусти и други промотивни акции како би ги привлекле потрошувачите на купување по пат на онлајн платформата. Оваа година мобилната продажба бил главен двигател на овој потрошувачки фестивал. Дури 74 посто од купувањето во првиот час е направено по пат на мобилни. Податоците на Алибаба за продажбата внимателно се следат како показатели на личната потрошувачка во Кина во услови на забавена економска активност.
