ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА: Во семејниот буџет дупка од 160 евра!
За да го преживее јануари, првиот месец од 2015 та година, на едно четиричлено семејство му биле потребни 32 143 денари или 522 евра.
Според новите податоци за Потрошувачка кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија, најголем дел од семејниот буџет, или 13 471 денар завршува за исхрана а 10 354 денари се потребни за домување, кое ги опфаќа комуналиите и покуќнината. Во споредба со лани, истиот месец, трошоците од потршувачката кошница, се намалиле за 28 денари. Споредебените податоци покажуваат дека во анализираниот период трошоците за храна се намалиле за 83 денари додека кај домувањето има раст од 101 денар. Во јануари годинава, во споредба со истиот месец лани, зголемување е регистрирано и кај комуналните трошоци за 128 денари.
И натаму, најголем дел од структурата на потрошувачката кошница опаѓа за исхрана и пијалаци со 41,92%, следува домувањето со удел од 32,22%, зад него превозот со 7,28%, хигиената со удел од 6,74% а за култура и за здравје месечно од потрошувачката кошница завршуваат 5,35%.
Од 2012 та година, јануари, до истиот месец годинава, потрошувачката кошница поскапела за 1 220 денари, односно за скоро 20 евра.
Според податоците на Заводот за статистика, последната измерeна нето плата во декември изнесувала 22 407. Ако се направи споредба со вредноста на потрошувачката кошница, односно потрeбните пари за да се преживее месецот, тогаш на едно семејство со еден приход во вредност од една просечна нето плата ќе му недостасуваат 9 727 денари или околу 158 евра за ги подмири трошоците.
Слично
