ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА: Без 522 евра не може да се преживее!
За да се преживее октомври биле потребни 32 085 денари. Според новите податоци од Синдикалната потрошувачка кошница, октомври во однос на септември, бил поскап за скоро 150 денари, при што издашноста на семејниот буџет се зголемила за храна, сметки за комуналии, покуќнина, хигиена.
Само за исхрана во октомври биле потребни 13 418 денари, за разлика од септемвриските 13 391 денари. Најголем дел, или 41,8% од трошоците и натаму завршуваа за исхрана. Следува домувањето кое месечно чини 10 300 денари, а од нив дури 8 221 денар завршуваат за плаќање на сметки за комуналии.
За хигиена во октомври биле потребни 2 193 денари, за превоз 2 339 денари, за облека и обувки биле потребни 2 096 денари, за култура 1 070 денари, а за здравје 666 денари.
Според податоците на Заводот за статистика, во септември просечната нето плата во земјава изнесувала 21 278 денари, и во однос на истиот месец лани се зголемила за 1%.
