Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРЕСНИ ОБРАЌАЊА НА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ: Претседателе Иванов и ние имаме деца кои не растат со нас!

ПОТРЕСНИ ОБРАЌАЊА НА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ: Претседателе Иванов и ние имаме деца кои не растат со нас!
Вкупно 1803 затвореници од затворите во Идризово и во Штип побараа делумна амнестија од Претседателот Ѓорѓе Иванов. Тие бараат рамноправност и законите да важат подеднакво за сите луѓе во државата. Охрабрени се од милоста која Иванов ја покажа на дело за политичката елита, со амнестирањето на 56 лица за тешки кривични дела, па сега и тие бараат делумна амнестија и намалување на нивните затворски казни. Најстарата затвореничка има 84 години Аболиција со намалување на 30 проценти од казната, побараа и жените осуденички од единствениот женски затвор во Македонија при КПУ Идризово, кои очекуваат дека Иванов ќе им излезе во пресрет на нивната молба. Во женскиот затвор во моментов има 106 осуденички на возраст од 20 до 84 години. Ви пренесуваме дел од писмото испратено до Претседателот Ѓорѓе Иванов. 13020187_10208660068035091_1787804277_n„Аболициравте луѓе од фотељи. На никого на светот не му посакуваме да ја поминува нашата голгота. Професор сте на Правен факултет, најдобро знаете. Криминалот е криминал. Два аршина не може да има. Две имиња нема. Казната е казна. Не може за некого се, за некого ништо. Вие сте татко на државата. Ние немаме со кого да се пазариме. Кантарот е кај Вас. Измерете еднаш во наша корист. Ние сме жени, мајки, деца, сестри, сопруги. Господине Претседателе, по нас плачат нашите деца, семејствата ни се распаѓаат, на многу од нас децата ни се згрижени по домови за деца без родители, некој од нас немаа ни шанса да се остварат како мајки. Пред тагата и и искреноста на детските и мајчините солзи и каменот пука. Родител сте. Бидете Државник џентлмен. Аршинот во Вашите постапки нека биде ист за сите.“. Осуденичките писмото до Иванов го завршуваат со една мисла од Достоевски. „Душата се лечи со времето поминато со децата“. Меѓу потпишаните го нема Љубе Бошкоски Во моментов во сите затвори во земјава има 3152 затвореници. Повеќе од половината веќе се потпишани на барањето за аболиција доставено до адвокатското друштво Давидовиќ и Јанковиќ, кои вчера го предадоа на Кабинетот на Иванов. Се очекува и затвореници од другите затвори да побараат аболиција и намалување на нивните казни. Затворениците не бараат целосна аболиција, туку намалување на казните од 30 до 50 проценти. „Јас сфаќам дека ова во јавноста ќе одекне, на еден начин дека криминалците треба да се пуштат надвор. Не е точно. Тие луѓе се осудени за она што го сториле, веќе ги издржуваат казните. Но, ниту еден од нив, ниту еден, нема таква доблест да бара целосно укинување на казна. Свесни се дека згрешиле и бараат само казната да им се намали“, рече  адвокатот Звонко Давидовиќ. Адвокатите не сакаа да лицитираат со имиња на затворениците кои бараат помилување, но рекоа дека има за многу кривични дела. И осудени за кражби, и за кримчарење мигранти, како и за убиства. Барање за аболиција има и од осудени на доживотен затвор, кои очекуваат намалување на казната на 15 до 20 години. Меѓу осудениците кои бараат „милост“ од Иванов, не е и Љубе Бошкоски. Тој веднаш по објавувањето на имињата на помилуваните политичати и нивните соработници, преку неговиот адвокат порача:„Фала му на Господа што не сум дел од оваа мизерија“. Лидерот на Обединети за Македонија има да одлежи уште месец и половина од петгодишната казна затвор за случајот „Кампања“ , која му истекува на 6 јуни. Штрајк со глад и непослушност Осудениците очекуваат брз и позитивен одговор од Кабинетот на Претседателот Иванов. Во спротивно се заканија со штрајк со глад и непослушност кон претпоставените во затворите. „А, во меѓувреме нашите најблиски ќе се најдат пред вратите на сите институции од кои бараме да се реши нашиот горлив проблем. “, напишаа во писмата затворениците, не само до Иванов, туку и до Министерството за правда и до Уставниот суд. 13046240_10208660069235121_2030242740_n И додека затворениците бараат помилување по аршинот на масовната аболиција на политичката елита, под притисок на јавноста или пак под изговор дека не се виновни и вистината ќе ја докажуваат на суд, неколкумина од аболираните политичари бараат поништување на одуката. Досега тоа го сторија Заев, Груевски, Вељаноски, Црвенковски, тројцата обвинители од СЈО Фетаи, Стефанова и Бубевски, директорот на затворот Идризово Пејковски, а повлекување на аболицијата најавија и Мијалков и битолскиот градоначалник Талевски. Рекордерите по бројот на аболиции екс  министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска се уште тактизираат. Тие се аболирани 16, односно 13 пати, па се во очекување што ќе се случи со аболицијата и дали Претседателот ќе ја повлече одлуката или ќе останат помилувани и нема да ја докажуваат на суд нивната невиност. M.J.
Слично

Поврзани вести