Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРЕС ВО ГРЦИЈА: Се стресе островот Евија

ПОТРЕС ВО ГРЦИЈА: Се стресе островот Евија

Умерен земјотрес ја погоди Грција. Потрес со јачина од 4,6 степени имаше во близина на грчкиот остров Евија. 

Тој е регистриран нешто по 16 часот по локално време во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина.  Епицентарот е на околу 80 километри од главниот град Атина, а земјотресот е почувствуван и во повеќе делови на грчката метропола.  Нема информации за повредени или предизвикана материјална штета. 

Утрово се стресе и Албанија. Земјотрес со јачина од 3,1 степени утринава ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил во 6 часот и 11 минути на длабочина од еден километар. Тој е регистриран на 49 километри југоисточно од Тирана.

Слично

Поврзани вести