Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрес на пазарот! Кој „истури“ 10,5 милиони евра на дивиденда?

Потрес на пазарот! Кој „истури“ 10,5 милиони евра на дивиденда?

Прилепскиот Мермерен комбинат ќе направи девизен одлив вреден 9 милиони евра, пари резервирани за сопствениците на акции во оваа голема извозно-ориентирана фирма. За државниот буџет од прилепската компанија ќе дојде инјекција од околу 1,5 милиони евра

Една од најконвертибилните домашни компании е повторно во акција. Прилепскиот Мермерен комбинат ќе исплати 10,5 милиони евра дивиденда од добивките кои ги остварил до крај на 2020 година. Ова е утврдено во одлуката на акционерите од собранието што се одржа во петокот на 10 септември. Дивидендата во бруто износ е 2,24 евра за акција односно 138 денари.  

Од овие пари, во бруто износ, холандската компанија „Стоун воркс холдинг“ ќе добие 89,2 отсто од дивидендата (во бруто износ), а грчаката „Пиреус банка“ која поседува 10 отсто од акциите, ќе добие бруто 1,5 милиони евра од дивидендата што ја дели прилепскат компанија. Нето дивиденда од 124 денари ќе поделат и 77 домашни физички лица кои останале доследни и не ги продале своите акции на грчките сопственици – во бруто износ нешто над 100.000 евра.

Акцијата на Мермерен комбинат се тргува со право на дивиденда до 22 септември. Приносот по акција во однос на последната цена изнесува 5 отсто.

Минатата година на Мермерен комбинат беше значајно полоша во споредба со 2019 и со 2018 година. Добивката на друштвото лани изнесува 109 денари за акција, наспроти 264 денари во 2019 година и 299 денари во 2018 година.

Но, и покрај тоа дивидендата за ланското работење (во бруто износ) е 137 денари и е за 32 денари односно 30 отсто повисока од претходната година. Во 2018 година дивидендата по акција била 299 денари што е највисок износ на дивиденда што ја исплатила таа компанија.

Мермерен комбинат лани направил приход од 22,2 милиони евра што е најнизок приход во последние три години. Особено успешна година на ова друштво беше 2018 кога од продажба наплати 40 милиони евра.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести