Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потребни се повеќе пари за науката во Македонија

Потребни се повеќе пари за науката во Македонија

Со Предлог програмата за научно-истражувачка дејност до 2020 година предвидено е зголемување на средствата за науката од 1,8 проценти од бруто домашниот производ, изјави денеска Министерот за образование и наука Панче Кралев.

„Владата и Министерството и покрај сложената финансиска состојба сметаат дека вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат секогаш кога е тоа возможно. За набавка на лабораториска опрема Владата има издвоено околу 30 милиони евра, истакна Кралев.

Според Ректорот на Универзитетот, Велимир Стојковски, потребна е поголема финансиска поддршка за научните истражувања.

„Нашите професори, соработници и покрај бројните потешкотии, главно од финансиска природа, науката и научните достигнувања  ги одржуваат на европскоо и светско ниво. Со години наназад издвојувањата за наука не се на задоволително ниво. Потребни се заеднички напори на државата, на универзитетите но сепак и на бизнис заедница која ги ужива плодовите од научните достигнувања, вели Ректотот.

 
Слично

Поврзани вести