Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРЕБНИ СЕ ДОНАЦИИ: Бранот бегалци не запира!

ПОТРЕБНИ СЕ ДОНАЦИИ: Бранот бегалци не запира!
Иако за неколку дена и официјално ќе започне есента, во гевгелискиот камп проработеа долго најавуваните чешми. Веднаш биле искористени за разладување од долгиот и напорен пат. Сеуште се чека на тушевите кои допрва се монтираат. Интересно е велат хуманитарците да се види како некои од бегалците прв пат по неколку дневно патување ги измиле нозете, други се бричат, а најмалите  играат околу водата. Бранот бегалци не запира. Иако вчера хуманитарците на терен велат дека било невообичаено мирно бидејќи во попладневните часови импровизираните кампови во меѓузоната во Гевгелија биле испразнети до последниот човек, ноќта почнале да пристигнуваат нови групи со мигранти. За нив ова не е нов бран бидејќи секојдневно се зголемува бројот на бегалци кои бараат помош и внимание пред да го продолжат својот пат. 11049455_1011550012208772_1274968046532216839_n Најчесто ги користат возовите кои сега имаат нова цена на билетите и  наместо 10 чинат 25 евра. Слична е цената и за автобускиот превоз, а со такси цената е тројно поскапа. Од Македонски железници не објаснуваат на што се должи ненајавеното поскапување. Едноставно новите цени осамнале на  огласните табли на кампот. Гевгелија како друга држава Оние кои се секојдневно на терен раскажуваат дека пристап за превоз на мигрантите прво имаат гевгелиските превозници, а доколку има премногу патници тогаш може да се вклучат и автобусите и такси возилата од другите градови. Гевгелија функционира како друга држава. Слично е велат и со храната, бидејќи од донаторите се барало истата да ја снабдат во Гевгелија. За нив е нејасно како донација од Струмица, Тетово или Скопје да ја спакуваат во Гевгелија?!  Дополнителен проблем за хуманитарните работници се административните бариери, па од неодамна покрај пропусниците за влез во кампот од МВР и Центарот за управување со кризи, од нив се бара и потврда од Агенцијата за храна и ветеринарство  која сеуште најголемиот дел од нив ја чекаат. Донациите мораат да ги предаваат на волонтерите на Црвениот крст, за потоа тие да ги поделат на бегалците. 11990374_1011522325544874_4893585494878526658_n “Вчера стигна комбе од Струга преполно со храна. Четири млади момчиња се потрудиле да донесат навистина многу прехрамбени производи за бегалците, а комбето беше буквално преполнето. Но тие за жал мораа да останат надвор од капијата бидејќи не им беше дозволено да влезат и да ја поделат донацијата. Ова предизвика револт кај нив и наместо на влезот се упатија од надворешната страна позади кампот каде ги чекаа бегалците, сами да им ја поделат помошта. Момчињата едноставно сакаа да видат како се овие луѓе, да им подадат рака и да ја споделат маката, за како што велат утре нивната приказна да допре до  што повеќе граѓани. Навистина не е во ред некој да дојде до таму, а да неможе ниту да ги види и да поразговара со бегалците” -реагираат активистите. Потребни се донации Донации велат има, но поради се поголемиот број на бегалци помошта никогаш не е доволна. Минатата недела кога во меѓузоната имало и по 8 000 бегалци, се случувало од пакетите да останат само бисквити и вода. “Благодарни сме им на сите хумани луѓе, но секогаш се добредојдени донациите. Не изненади еден млад човек кој ги донираше патериците кои ги користел долго време за да застане на нозе. Сам дошол да ги донесе и да ги даде на бегалците. Верува дека некому ќе му го олесни патот. Потребна е секаква помош. Температурите навечер и наутро се ниски, ладно е. Потребни се ќебиња, храна, топла облека, хигиенски средства. Преку ден е многу топло.Има потреба од вода” -велат хуманитарците. 12019886_1011522758878164_3296277892427161302_n Тие очекуваат граѓаните активно да се вклучат во хуманитарните акции и да донираат во рамките на своите можности, но никако да не ги заборават овие луѓе кои од ден во ден се побројни, бидејќи допрва како што раскажуваат маката ќе им ја зголеми престојната зима кога и патувањето ќе биде потешко и посурово. Само вчера од МВР биле издадени 2413 потврди  кои на бегалците им се обезбедува 72 часовен престој, а досега вкупно се издадени 75 087 потврди. Барање за азил поднеле само 49 бегалци, најголемиот број од нив од Сирија, меѓу кои и десет деца.
Слично

Поврзани вести