Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрагата по златна прачка од 20.000 евра - атракција што привлекува илјадници посетители

Потрагата по златна прачка од 20.000 евра - атракција што привлекува илјадници посетители

Во земјата на Дедо Мраз започнува необична летна игра - потрага по златна прачка вредна 20.000 евра низ Лапонија.

Лапонија во Финска, позната како дом на Дедо Мраз и зимската бајка на северна Европа, им нуди на туристите сосема поинакво искуство ова лето - потрага по златна прачка вредна дури 20.000 евра.

Во земја што наликува на вистинска „Нарнија направена од мраз“, посетителите ќе имаат можност да ја истражат природата на Арктичкиот круг и да учествуваат во уникатна авантура наречена Лов на полноќното сонце, објавува Citymagazine.

Според соопштението за медиумите на туристичката организација Visit Levi, потрагата ќе започне на 18 јуни во центарот за посетители на Леви.

Таму, учесниците ќе ја добијат првата трага и упатства за тоа како да ја започнат потрагата по скриената златна прачка.

После тоа, нови траги ќе ги водат низ локални патеки, природни атракции и знаменитости, сè поблиску до потенцијалната награда.

Организаторите наведуваат дека златната прачка може да се најде веќе на почетокот на играта, додека дополнителни траги ќе бидат објавени за време на летото, до крајниот датум 22 август.

Леви, сместен над Арктичкиот круг, е познат како еден од најпопуларните зимски скијачки центри во Финска, но во лето покажува сосема поинакво лице.

За време на периодот на „полноќно сонце“, сонцето не заоѓа со денови, што овозможува активности и истражување на природата 24 часа на ден.

Висит Леви вели дека летната сезона е сè уште помалку позната за туристите, иако нуди уникатно искуство од Северна Европа.

foto Wikipedia/ Ximonic (Simo Räsänen)

Слично

Поврзани вести