Потрагата по момчето кое заврши во морето кај Херцег Нови прекината, продолжува утре
Потрагата по момчето Н.В. кое синоќа околу 22 часот исчезна од шеталиштето „Пет Даница“ во Херцег Нови кога беше одвлечено во морето од силни бранови, ќе продолжи утре.
Шефот на Центарот за безбедност во Херцег Нови, Предраг Жижиќ за ТВЦГ изјави дека потрагата по морето е завршена и ќе продолжи утре. Денеска, како што вели, се уште се пребарува делот од крајбрежјето кон Мељине и Игало.
Жижиќ вели дека за немилиот настан е известена и Управата на хрватската полиција, во случај телото на момчето да се појави во водите на соседна земја. Потрагата сега ја продолжуваат црногорските полицајци, јавува РТЦГ.
Граѓаните се вклучуваат претпазливо и би им препорачал да не се вклучуваат самостојно, туку да ги информираат надлежните за сите активности, рече Жижиќ.
Поради силниот ветер денеска не можеше да полета хеликоптерот на Војската на Црна Гора, а од истата причина невозможна е и воздушна потрага со беспилотни летала.
Лошата видливост и силен јужен ветер ги попречуваат и нуркачите, а се предвидува дополнително влошување на временските услови.
Данило Мијајловиќ, раководител на секторот за пребарување на Нуркачкиот центар од Бијела, претходно денеска изјави дека напорите на 12-те нуркачи вклучени во потрагата засега се залудни.
„Нашите екипи се ангажирани од 23 часот синоќа. Условите за нуркање се многу лоши, слабата видливост и големите бранови во крајбрежјето ја отежнуваат потрагата. Во потрагата ги ангажиравме сите ресурси на пловилото, подводните нуркачи, а потрагата е координирана со другите служби за заштита и спасување, Управата за поморско обезбедување и МУП“, ни изјави Мијајловиќ.
Момчето завршило во водите откако заедно со уште едно момче се симнале на шеталиштето за да се фотографираат, при што Н.В. го одвлекол бран.Фото: Принтскрин/Јутуб
