Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потрагата по Дениса уште не дава резултати, последен пат била видена на палубата на бродот

Потрагата по Дениса уште не дава резултати, последен пат била видена на палубата на бродот
Грчките власти со хеликоптери и глисери го пребаруваат заливот Мирабело, во близина на Крит, каде последен пат на палубата на бродот „Серенисима“ била видена младата Македонка Дениса Маркоска. Девојката била на палубата околу три часот по полноќ, два часа пред да започне нејзината работна смена, и пушела цигара. Подоцна воопшто не се појавила на работното место, а исчезнувањето на 23-годишната Маркоска го пријавил капетанот на бродот следното утро, кога бродот пристигнал на Крит. Маркоска две години работела на бродот „Серенисима“, кој пловел под руско знаме, а пред извесно време и трет пат го продолжила договорот. Со неа на бродот бил уште еден Македонец, кој на семејството на Дениса во Прилеп им ги донел личните работи на нивната ќерка. И тој немал одговор што се случило со неговата колешка, затоа што работеле во различни смени. Семејството на Дениса е очајно и бара одговори што се случило со неа. Македонските власти велат дека се во постојан контакт со грчките колеги, кои ги информираат за текот на потрагата, но засега таа не дава резултати.
Слично

Поврзани вести