Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРАГА ПО ДАНКА: Инспекторите со мистериозни вреќи влегоа во куќата на осомничениот за убиството

ПОТРАГА ПО ДАНКА: Инспекторите со мистериозни вреќи влегоа во куќата на осомничениот за убиството

Инспекторите со мистериозни вреќи влегоа во куќата на осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ во селото Злот кај српскиот град Бор. 

Инспектори на Управата за криминалистичка полиција (УКП) влегле во куќата на Дејан Драгијевиќ (50), еден од осомничените за свирепото убиство на Данка Илиќ која исчезна во приградската населба Банско Поље кај Бор. Инспекторите носеле неколку вреќи, а со нив се донесени маж и девојка, пренесува Мондо.рс

Полицијата го пребарува кањонот на реката Лазарева и во пештерата Лазарева кај Злот, каде има јами и стрмни карпи кои досега не се истражени.

Двајцата осомничени за кои е потврдено дека со службено возило „фијат панда“ го прегазиле девојчето, а потоа го убиле, засега не го откриваат точното место каде што го закопале телото.

Во полициското одделение во Бор, почина Далибор Драгијевиќ (40) брат на еден од осомничените за кого постоеше сомнение  дека заедно со неговиот татко Радослав му помагале на неговиот брат Дејан да го премести телото на Данка. 

Директорот на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, Горан Павиќ, поднесе оставка од функцијата, откако двајца вработени во тоа претпријатие беа осомничени за убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ.

фото Курир

Слично

Поврзани вести