Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потпретседателот на Собранието со иницијатива и потписи да не се распушта Парламентот

Потпретседателот на Собранието со иницијатива и потписи да не се распушта Парламентот

Потпретседателот на Собранието Рафиз Алити ќе поднесе иницијатива до претседателот на Собранието Велјановски за поништување на Одлуката за распуштање на Парламентот.

Преку иницијатива за повлекување на одлуката за самораспуштање на парламентот Алити собира потписи а според дел од медиумите тој веќе почнал консултации со координаторите на пратеничките групи, освен со ВМРО-ДПМНЕ и оти наскоро ќе собере 20 потребни потписи за иницијативата.

Досега на иницијативата се потпишале 18 пратеници, од опозицијата исклучуваат потпишување на истата доколку во неа е наведен датум за одрежување на предвремнени избори додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се без коментар.

За повлекување на одлуката потребни се потписи од 20 пратеници, а за неа треба да гласаат најмалку 62 пратеници.

Слично

Поврзани вести