Потпишана Спогодбата за Балканските медицински сили
Денеска во просториите на Министерството за одбрана беше потпишана Спогодбата за Балканските медицински сили.
Toa e проект инициран од Кралството Норвешка и поддржана од Соединетите Американски Држави со кој се зајакнува интероперабилноста на регионот со ОН, НАТО и ЕУ на ова поле.
- Република Македонија е всушност првата земја која ја потпиша Спогодбата, со што се потврди и определбата на нашата земја, но и на Министерството и Армијата на Република Македонија за поблиска регионална соработка на сите полиња. Со тоа ние ќе овозможиме и нашиот регион да биде побезбеден и попросперитетен, рече министерот Јолевски на потпишувањето на документот во присуство на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка.
Целта на Балканските медицински сили е да ги подобрат и дополнително зајакнат националните и регионалните воени медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница, како и интероперабилноста во тој сегмент со силите на ОН, НАТО и ЕУ.
Од регионот, во Балканските медицински сили освен Република Македонија, вклучени се и Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора.
Проектот е дел и од концептот за „паметна одбрана“ имајќи предвид дека вклучува специфични капацитети од земјите од регионот, кои ќе бидат достапни за тие земји, но и во рамките на некое идно можно заедничко учество во меѓународни мировни мисии.
