Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потпишана соработка за заштита на границите меѓу Македонија, Србија, Австрија и Унгарија

Потпишана соработка за заштита на границите меѓу Македонија, Србија, Австрија и Унгарија

Министрите за внатрешни работи на Србија, Австрија, Унгарија и Македонија потпишаа денес во Охрид Меморандум за разбирање и соработка во областа на заштита на границите со кој е предвидено организирање на заеднички мешани патроли и истражни тимови на полиција на земјите потписнички.

Моморандумот предидува мешаните патроли да бидат распоредени на српско-унгарската граница, српско-македонската и македонско-грчката страна, а целта е преку зајакната контрола границите да ги сузбијат кривичните дела на криумчарење луѓе и илегално преминување на државните граници,се наведува во соопштението.

- Недвосмислено беше подвлечено дека за глобалните миграциски прашања нема фрагментарни решенија. Овој документ претставува платформа за натамошни заеднички активности, конретизиран со заклучоци што ќе бидат исоратени до учесниците на наредниот состанок на министрите за внатрешни работи на државите од ЕУ, истакна министерот Чавков.

Ова е проблем на Европа, не само на земјите членки, туку на цела Европа која треба да покаже што се европски вредности, што е европски пат и тоа да не го заборави кога донесува различни мерки, порачаа другите министри.

Очкуваат конкретна финансиска помош, но и помош во други средства како поефикасно и похумано би ги  прифатиле овие луѓе.

По однос прашањето за реадмисија на бегалците од некои земји на ЕУ, беше истакнато дека Унијата треба да најде одговор на можеби најважното прашање, а тоа е фактот што ниту Србија ниту Македонија не се членки на ЕУ, а низ нивна територија минуваат лица кои доаѓаат од држава во Шенген-зоната и заминуваат во таква држава.

Слично

Поврзани вести