Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ МЕЃУ СПЦ И ВЛАДАТА НА ЦРНА ГОРА: Документот е парафиран од патријархот Порфирије и Абазовиќ

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ МЕЃУ СПЦ И ВЛАДАТА НА ЦРНА ГОРА: Документот е парафиран од патријархот Порфирије и Абазовиќ

Во Подгорица денеска беше потпишан фундаменталниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква.

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх г. Порфирије, кои рано утрово дојдоа во Подгорица, го парафираа Основниот договор.

На фотографијата што Абазовиќ ја објави на Телеграм, се гледа дека на потпишувањето присуствувале и министерот за правда Марко Ковач и митрополитот Црногорско-приморски Јоаникије.

Авионот на Владата на Република Србија со патријархот на СПЦ Порфирије, утринава слета на аеродромот во Подгорица неколку минути по девет часот, а според информациите на црногорските медиуми, поглаварот на српската Православната црква веднаш се врати во Белград.

Граѓаните кои се против потпишувањето на Основниот договор со СПЦ се собраа утрово пред вилата Горица.

Фото: Принскрин/Телеграм

Слично

Поврзани вести