Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потпишан договорот за државна помош со „Пурпласт“

Потпишан договорот за државна помош со „Пурпласт“

Владата и Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони денеска го потпишаа договорот за државна помош со турскиот инвеститор „Пурпласт“ во Бунарџик.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека производителот од автомобилската индустрија извезува во 36 земји и има 40 годишно искуство со

пластични компоненти за ентериер и екстериер и производство на седишта.

Според Битиќи, „Пурпласт“ досега вложил 5,1 милион евра и е во завршна фаза со градба на нивниот објект во ТИРЗ 2, додека напролет е очекувано да започнат со работа.

Целата инвестиција на Пурпласт е планирана да биде околу 15 милиони евра и во нивните капацитети да се вработуваат 215 луѓе.

Узвршниот директор Нехмет Шишманогул рече дека производствените линии се веќе пристигнати во Македонија и дека отворањето ќе биде најдоцна до лето и покрај кризата предизвикана од Ковид-19.


Слично

Поврзани вести