Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОТПИШАА ЛИ СМРТНА ПРЕСУДА“: Црногорците тргнуваат во потрага по нафта?

„ПОТПИШАА ЛИ СМРТНА ПРЕСУДА“: Црногорците тргнуваат во потрага по нафта?

После седум години подготовки може да почнат истражувањата на нафта и гас на црногорските брегови.

Црна Гора денеска потпиша со италијанско-рускиот консорциум Ени Новате договор за концесија за производство на јаглеводороди на црногорското приморје, со што после седум години подготовки може да почне истражувањето на нафта и гас на црногорските брегови.

Договорот го потпишале министерот за економија Владимир Кавариќ и претставници од конзорциумот Карло Вито Русо и Андреј Попов во присуство на премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, пренесоа локални црногорски медиуми.

„Користејќи го норвешкиот систем, ќе создадеме фонд за нафта и гас со што ќе издвојуваме средства за државниот буџет. Би им изразил благодарност на нашите партери кои ќе вложат значајни средства во ова истражување и при тоа ќе го сносат целиот ризик-рекол Ѓукановиќ после потпишувањето на документите.

Тој истакнал дека земјите кои се енергетски независни имаат своја стабилност. 

„Со потпишување на овој договор е отворен пат за истражување на нафта и гас, на што чекавме со векови“, додал тој.

Еколозите пак оценија дека потрагата за нафта во црногорското подморје е „смртна пресуда“ , додека Министерството за економија оценило дека таа одлука ја води земјата во производство на енергенти.

Слично

Поврзани вести