Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТПИШАА ДОГОВОРИ: Дали Сирија ја очекува економска преродба?

ПОТПИШАА ДОГОВОРИ: Дали Сирија ја очекува економска преродба?

Сирија потпиша 12 инвестициски договори во вредност од 14 милијарди долари

Проектите се однесуваат на инфраструктура, транспорт и недвижности, со цел обнова на економијата разурната од војната.

Договорите вклучуваат договор вреден четири милијарди долари за изградба на нов аеродром во Дамаск, потпишан со катарската холдинг компанија UCC.

Исто така, потпишан е договор вреден две милијарди долари за изградба на метро во сирискиот главен град, а склучен е со Националната инвестициска корпорација на Обединетите Арапски Емирати, објавува Ројтерс.

Други големи развојни проекти вклучуваат проект за изградба на кули во Дамаск, кои беа потпишани со компанијата УБАКО со седиште во Италија.

Во јули, Сирија потпиша инвестициски договори во вредност од 6,4 милијарди долари со Саудиска Арабија, за реконструкција по 14-годишна граѓанска војна.

foto EPA-EFE/AHMAD FALHALA

Слично

Поврзани вести