Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потоп на „Рајанер“: Откажувањата ќе ги чинат скапо!

Потоп на „Рајанер“: Откажувањата ќе ги чинат скапо!

Акциите на Рајанер паднаа на берзата за три отсто откако компанијата објави план за откажување на помеѓу 40 и 50 летови дневно до крајот на октомври.

Ирскиот нискобуџетен авио превозник вчера откажа 82 летови поради грешки во распоредот на одморот на пилотите, што е само врв на ледениот брег, бидејќи компанијата соопшти дека во наредните шест недели од 40 до 50 летови ќе бидат откажувани на дневно ниво.

Од Рајанер велат дека се обидуваат да најдат решение за огромен број отсуства на персоналот кој мора да биде прераспределен пред крајот на годината, квалификувајќи го бројот на откажани летови-кој веднаш почнал како „неприфатлив“ за клиентите.

Ако авиокомпанијата откажува 40 летови дневно во текот на шест недели, тоа ќе влијае на околу 285 000 патници, земајќи го предвид фактот дека факторот на пополнетост на авионите е 90 проценти.

Слично

Поврзани вести