Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Избришани стотици милијарди долари

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Избришани стотици милијарди долари

На азиските пазари индексите остро паднаа, како и на Волстрит неколку дена порано, а од пазарот се избришани стотици милијарди долари вредност на акциите.

MSCI Asia Pacific Index потонал 2 отсто па загубите од почетокот на годината се искачија на високи 18,5 проценти.

Nikkei 225 е урнат 3,3 отсто на шестмесечен минимум додека австралискиот пазар паднал на најниско ниво за година дена. Кинескиот bluechip indeks CSI300 падна за 2,5 отсто па е очигледно дека најавата на кинеските владини поттикнувања не успеале да ги смират инвеститорите.

Цените на акциите се под притисок од почетокот на овој месец поради низа причини, од растот на трошоците за задолжувања и високи приноси на американските државни обврзници, преку трговската војна меѓу САД и Кина, до тензиите меѓу Европската комисија и Италија во врска со буџетскиот дефицит, како и загриженоста на вложувачите во пресрет на изборите за американскиот Конгрес.

Слично

Поврзани вести