ПОТЕШКО ДО СЕЗОНСКА РАБОТА ВО Црна Гора за странци
Законот кој ограничува вработување на странци во Црна Гора, а чија примена беше одложена поради туристичката сезона, почна да се применува, потврдуваат од Министерството за труд и социјална грижа на оваа земја.
Законот приоритет и дава на домашната работна сила и им налага на работодавачите да вработуваат странци само доколку на евиденција на Заводот за вработување го нема бараниот кадат или ако евидентираните ја одбиваат работата.
Прописот е усвоен пред туристичката сезона, но неговата примена е одложена поради бурното реагирање на работодавачите, кои процениле дека системот не е подготвен за подготовка на ваков пропис.
Инаку овој закон предвидува санкции за работодавачите во случај да објават оглас за работа пред прибаување на потврда на националниот Завод за вработување.
Црна Гора е лидер во регионот по бројот на сезонци. Во шест земји од регионот минатата година на странците им се издадени 57.500 дозволи за работа, од што 31 000 во Црна Гора.
