ПОТЕШКО ДО КРЕДИТИ: Ќе се заоструваат условите за потрошувачки кредит
Условите за земање потрошувачки кредит се заоструваат.Бидејќи овие кредити се во постојан раст ,НБРМ од следната година ке воведе превентивни мерки што ќе треба да стимулираат банките да даваат и друг тип на кредити а не само потрошувачки
Со овие мерки ќе треба да се спречи евентуално влошување на нивната наплата, а од друга ке го зголеми кредитирањето на стопанството и издавањето на стандбени кредити.
„Нема да ги поскапе каматите и нема да има оправдување за поскапување на сегашните кредити. Растот ке се сведе на нормала, да добиваат тие што можат да ги исплатат а не другите што ке заглават и ќе се влоши нивната социјална состојба”, вели гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Кредитирањето на фирмите се очекува годинава да достигне 5,5 % наспроти 12,5 кај домаќинствата.
Граѓаните пак ,заклучно со септември на банките им должат над 1 милијарда евра врз основа на потрошувачки кредити и кредитни картички.
