ПОТЕШКО ДО КРЕДИТИ: Банките ги заоструваат условите за потрошувачи кредит
Народна банка презема мерки со кои од следната година ќе се заострат условите за земање потрошувачки кредит.
– На денешната седница, Советот ја усвои одлуката за изменување и за дополнување на одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, со која се воведуваат мерки за забавување на високиот пораст на долгорочните потрошувачки кредити – се вели во соопштението на Народна банка.
Гувернерот Димитар Богов рече дека целта е да се намалат потрошувачките кредити кои постојано биле во пораст, за од друга страна банките повеќе да даваат короративни и станбени кредити.
Мерките, како што вели, се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици од забрзаното зголемување на долгорочните потрошувачки кредити, односно за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни зголемувачки ризици од овие кредити.
Оваа мерка не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот на Народната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот пораст на овие кредити.
Граѓаните пак ,заклучно со септември на банките им должат над 1 милијарда евра врз основа на потрошувачки кредити и кредитни картички.
