Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТЕРНИЦА: Турција со наредба за апсење на Фетулах Ѓулен

ПОТЕРНИЦА: Турција со наредба за апсење на Фетулах Ѓулен

Судот во Истанбул денеска издаде формален налог за апсење на Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, а кој официјална Анкара го обвинува за обид за воен удар од 15 јули, јавија агенциите.

Анкара уште не упатила формално барање за негово екстрадирање, но налогот за апсење би можел да биде вовед во тоа, јави АП, со потсетување дека Вашингтон од Анкара побара докази за вмешаноста на Ѓулен во обидот за пуч.

Во обидот за воен пуч се убиени повеќе од 270 луѓе.

Турската влада тврди дека Ѓулен го организирал неуспешниот удар кој го изведоа припадниците на турската војска и бара тој да биде екстрадиран во Турција.

Ѓулен ги демантираше сите обвинувања од страна на Турција.

Слично

Поврзани вести