Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потегот на ЕЦБ го урна еврото, но ги крена акциите!

Потегот на ЕЦБ го урна еврото, но ги крена акциите!

Европските акции пораснаа, а еврото ослабна, откако Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека покренала програм за квантитативно олабавување (QE) кое ќе резултира со печатење на пари поради купување на државни обврзници на земјите во еврозоната во вредност од 60 милијарди евра месечно од март годинава до септември наредната година.

Франфуртскиот индекс DAKS 30 порасна 1,32 одсто на новиот рекорден максимум од 10.453,62 поени, париски CAC  40 1,52 одсто на 4.552,80 поени, а британски FTSE 100 1,02 одсто на  6.796,63 поени.

Индексот на миланската берска скокна 2,44 одсто, а на мадридската 1,70 одсто. Еврото после соопштението на ЕЦБ ослабнало на  1,1401 долари, што е негово најниско ниво од ноември 2003.

Каматните стапки на италијанските и шпански 10-годишни обврзници после одлуката на ЕЦБ паднаа на историски минимун. Приносите на 10-годишните шпански државни записи паднале на рекордно ниско ниво од  1,450 одсто од вчерашните  1,530 одсто, додека приносите на 10-годишните италијански облигации „потонале“ на 1,609 одсто од вчерашните 1,691 одсто.

Европското  QE ( квантитативно олабавување) им даде поттик на акциите на Волстрит, каде индустрискиот индекс  Дау Џонс се зголеми за 0,62 отсто, на 17.662,29 поени, S & P 500 0,61 отсто на 2.044,58 поени, а Насдак технолошкиот индекс 0,83 проценти на 4706 38 поени.

И.Р

Слично

Поврзани вести