Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потег за пример! Кој ги зголеми платите за 1,2 милиони евра во три месеци?

Потег за пример! Кој ги зголеми платите за 1,2 милиони евра во три месеци?

„Макпетрол“ е компанија која се наметнува како пример во својата грижа за вработените. Трошоците за вработените во првите три месеци годинава се зголемени за 25 отсто и тоа во услови кога приходите се исти или поточно минимално намалени, а добивката е пониска за 39 отсто. Токму низ овие факт се гледа посветеноста кон вработените

„Макпетрол“ поставува нови стандарди во грижата за своите вработени. Многу е веројатно дека неговите вработени се лојални, добро мотивирани и возвраќаат со зголемена продуктивност кон својата компанија.

Официјалните податоци од билансот за успег на првите три месеци годинава покажуваат дека „Макпетрол“ за своите вработени исплатил вкупно 6,2 милиони евра и тоа е 25 отсто повеќе од истиот период лани. Зголемувањето на трошоците за вработените е за 1,2 милиони евра во споредба со истиот период лани. Струкурата на трошоците во билансот на успех покажува дека трошокот за вработените е најголема ставка , секако доколку се изземе вредноста платена за набавка на трговски стоки кои компанијата ги продава на своите бензински станици и складишта за горива.

Вкупниот приход од продажба за првите три месеци изнесува 111,9 милиони евра и е на речиси идентично ниво како и истиот период претходната година. При тоа , повторно, на домашниот пазар се реализирани 107,2 милиони евра и неговото учество е целосно доминантно во структурата на вкупните приходи.

Вкупните оперативни расходи на компанијата која е најголем продавач на нафтени деривати во Македонија изнесуваат 110,9 милиони евра.

Важно е да се напомене дека во првиот квартал годинава „Макпетрол“ одлично приходуваше од разликата меѓу финансиските приходи и финансиските расходи. Поконкретно финансиските приходи изнесуваат 860.000 евра и во споредба со истиот период лани се повисоки за 2,7 пати.

Финансиските приходи ја зголемија добивката на компанијата за 754.000 евра колку што изнесува нето разликата меѓу финансиските приходи и финансиските расходи.

Нето добивката на крај на март годинава изнесува 1,92 милиони евра и во споредба со истиот период лани е пониска за 39 отсто. Овбој резултат не е неочекуван затоа што токму „Макпетрол“ го најави во својот финансиски план за годинава објавен неодамна. Во документот беше наведено дека компанијата очекува намалување на приходите, а истовремено ја зајакнува грижата за вработените преку зголемување на платите токму поради притисокот на инфлацијата.

Р.Ф.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести