Постои ли слободен пазар?
Слободниот пазар не постои. Ова го пишува директорот на монетарната политика на американската конзервативна организација American Principles in Action Стив Лонегн за MarketWatch.
Додека наклонетите конзервативци и слободари го бараат заштитата на сводобниот пазар, либералите го обвинуваат истиот слободен пазар за голем дел од несреќите низ светот, но сурова вистина е декаслободен пазар нема.
Слободниот пазар престана да постои пред 40 години, кога американскиот претседател Ричард Никсон стави крај на Бретон-Уудскиот монетарен систем. На овој начин Никсон забоде нож во срцето на слободниот пазар, бидејќи понудувачот не може да постои без принципите на овој систем.
Тој не може да постои вови вистинска смисал, бидејќи самите пари, кои се основата на економијата, сега се само парчиња хартија - "законско платежно средство за сите долгови, јавни и приватни". Вредноста на парите не се контролира од слободниот пазар, туку од федерална агенција - Федералните резерви, кои сметаат дека ова нејзино право им дава моќ да ја контролираат економијата.
Конзервативците се залагаат за просперитетот во условите на слободен пазар. И потоа ги затвораат очите за контролираното од централната власт неисцрпно печатење пари, што ги фаворизира претежно големите банки, големите бизниси и големите инвеститори во земјата. Системот на централно планирање на Федералните резерви ги надува балоните на финансиските пазари, а цените на активата не се базираат на зголемување на производството,туку на зголемената понуда на долари.
ФЕД го прошири готовинскиот агрегат M1 до 2,8 трилиони долари од 1,34 трилиони долари. Само за 10 години - зголемување од над 100% во рок од една деценија.
Лекцијата по економија, кој повеќето Американци ја разбираат е дека побарувачката и понудата ја одредуваат цената. Ако побарувачката останува непроменета, колку повеќе пари печатат ФЕД, толку помала вредност имаат.
Ако пак инфлацијата расте со 1% годишно, а платите не растат, тогаш инфлацијата јаде дел од платите, тоа се акумулира со текот на времето. Ако каматните стапки пак се под нивото на инфлацијата, тоа јаде заштеди на милиони Американци.
И така во САД, наводниот бастион на слободниот пазарен капитализам, не постои. Слободниот пазар е поместен од систем на преразпределение на приходите спротивни на принципот на Робин Худ, земи од сиромашните и давај на богатите, во комбинација со највисоките стапки во светот на корпоративниот данок на доход и задушување продуктивните прописи.
Единствената можност да биде вратен просперитетот во американската економија, и пазарот на трудот да се подобри, а платите да растат, благодарение на зголемената побарувачка на работна сила, е системот на Федералните резерви да биде променет и вратен кон неговата главна задача - да управува со доларот така што тој ќе има вредност како златото.
К.К.
Слично
