ПОСТОИ ЛИ НАДЕЖ МАТЕЈ ДА Е ЖИВ: Полицијата на Србија и Хрватска имаат координирана акција
Помина повеќе од еден месец од исчезнувањето на Матеј Периш (27) од Сплит во Белград, но некои работи не престануваат да ги интригираат луѓето.
Српската и хрватската полиција со брза реакција тргнаа во потрага по самата река Сава за која се сомничи дека Матеј скокнал во неа и се удавил, како и низ цел Белград, за сите да се уверат дека ги провериле сите информациите и камерите, и местата каде што се сомнева дека може да биде Матеј Периш.
Имено, новата ситуација која ја шокираше јавноста е изјавата на Маја Шопта, пријателка на Матеј Периш, која не пушти ниту една солза за време на интервјуто, што беше особено сомнително за некои детективи.
Веднаш откако се дозна дека неговата пријателка Маја Шопта е последната личност со која Матеј Периш комуницирал пред неговото исчезнување, таа ги затворила своите профили на Фејсбук и Инстаграм. По нејзиното гостување во емисијата „Експлозив“ на Првата српска телевизија, се појавија разни сомнежи кои ја доведуваа во прашање нејзината искреност пред камерите и ги продлабочија прашањата дали на истражителите им кажала се што знаела и колку чувала во тајност, можеби поради причините за нејзината сопствена безбедност.
Таа неодамна објасни дека не можела да одговори на повикот на Матеј бидејќи се обидувала да го паркира автомобилот на снег и мраз. Маја кажа чудна работа. Дека имала голем проблем да се паркира пред ресторанот „Бабарога“ поради снегот и мразот и дека не била навикната на такви услови и дека поради таа причина не се јавила на Матеј. Но, тие денови во Белград немаше ни снег ни мраз.
Има надеж Мaтеј да е жив
Шефот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Игор Јуриќ, рече дека Белград и Србија се „малку разочарани“ од односот на српската и хрватската полиција бидејќи никој не ја информирал јавноста за потрагата по исчезнатиот Матеј Периш и дека „има надеж“ да биде пронајден жив, објави неодамна Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
Јуриќ за Дневник ХРТ оцени дека се одвива „една вообичаена соработка“ меѓу српската и хрватската полиција.
За нас во Србија е важно секое доаѓање на хрватски полицајци. Очекуваме можеби некои нови докази и информации и сознанија кои би можеле да помогнат во пронаоѓањето на Матеј - рече Јуриќ.
Тој додаде дека во Белград и Србија се „малку разочарани од односот и на српската и на хрватската полиција бидејќи никој не ја информира јавноста“.
- Се е под завет на молчење, поради што се појавуваат разни шпекулации и теории на заговор, што воопшто не е добро за истрагата, а особено за семејството на Матеј - рече Јуриќ.
извор: ало.рс
