Постигнат договор за надминување на политичката криза – СДСМ оди на избори
Опозицијата се враќа во Собранието, нема одложување на локалните избори. Според договореното рокот за поднесување на кандидатските листи ќе се продолжи уште 3 дена, поради што ќе се скрати предизборната кампања.
Веднаш треба да се формира заедничка комисија за расчистување на настаните во Собранието од 24 декамври.
Одговорајќи на новинарско прашање дали постигнатиот договор подразбира можност и за одржување предвремени парламентарни избори, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, одговори потврдно, но не прецизира кога тие би можеле да се случат.
Покрај ова, во договорот има и точки за враќае на довербата меѓу институциите и новинарите и потпишување на заеднички меморандум за македонските евроинтеграции.
Слично
