ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Урумов, Чичаковски и Прекопуца изберени експерти за ДИК
После неколку неделни натегања партиските лидери и нивнте тимови под силен меѓународен ппритисок конечно успеаја да постигнат договор за делот на независните експерти за ДИК како дел од договорот од Пржино.
Тројцата експерти кои ќе бидат дел од новиот состав на Државната изборна комисија се Атанас Урумов, дипломиран политиколог од Гевгелија, Александар Чичаковски магистер по правни науки и Реџеп Прекопуца професор по албански јазик од Арачиново.
Лидерите на партиите во заедничка изјава преку соопштение бараат Парламентот да ги назначи и именува новите експерти во најбрз можен начин со цел ДИК што поскоро да започне со работата во исполнување на обврската фер и слободни демократски избори.
Со новото законско решение Дик ќе има зголемени ингеренции, а ќе биде надлежна и за водење и ажурирање на Избирачкиот список
Питер Ванхауте изрази задоволство од постигнатиот договор и потенцираше дека следните денови на преговарачка маса ќе се најде делот за медиумската сфера.
