Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСТИГАТ ДОГОВОР: Саудиска Арабија и Русија го запираат производството на нафта!

ПОСТИГАТ ДОГОВОР: Саудиска Арабија и Русија го запираат производството на нафта!

На состанокот во Катар Саудиска Арабија и Русија се договориле како на одреден период ќе го запрат производството на нафта.

Како што пишува Блумберг, саудискиот министер за нафта Али ал-Наими се состанал со рускиот колега Александар Новаков во Доха како со договор за привремено запирање на производство на нафта би го запреле падот на цените.

Али ал-Наими изјавил после состанокот со рускиот колега дека мерката за замрзнување на производството е „адекватна“, но дека државата и понатаму сака да ги задоволи потребите на потрошувачите. Исто така нагласил како замрзнувањето на производството на јануарското ниво е доволно за цел пазар.

Да потсетиме, цените на нафтата вртоглавно паднаа за повеќе од 70 посто од средината на 2014 година бидејќи произведувачите дневно произведуваат вишок од еден до два милиони барели на нафта во однос на побарувачката, и тоа во време додека растот на глобалната економија губи интензитет, предводен од бавниот раст на Кина, најголемиот светски потрошувач на сировината.

Слично

Поврзани вести