Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поставени шатори и зголемена готовност во Лерин каде земјотресот направи штети

Поставени шатори и зголемена готовност во Лерин каде земјотресот направи  штети

Грчкото Министерството за климатска криза и цивилна заштита е во зголемена готовност по силниот земјотрес во градот Лерин. 

Информацијата на Твитер ја соопшти министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис по синоќешниот земјотрес во близина на македонско- грчката граница, јави дописничката на МИА од Атина.

Има штети на стари објекти, а специјалните единици за справување со катастрофи од противпожарната служба од цела Грција биле во состојба на зголемена готовност во случај да е потребна помош и интервенција. Веќе поставиле мал број шатори доколку некој од граѓаните има потреба.

Земјотресот со јачина од 5.3 степени кусо полноќ по локално време е регистриран на два километри од Лерин. 

Тој ги исплаши жителите на Битола, кои пак ноќта ја поминаа на отворено, спиеја во автомобили или заминаа надвор од градот. Силниот земјотрес го почувствуваа жителите на повеќе македонски градови. 

Слично

Поврзани вести