Постапката почна – дали пратениците на СДСМ ќе останат без мандатите?
Собранието ја започна постапката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата, кои повеќе од шест месеци по верификацијата на мандатите не се во собраниските клупи. Генералниот секретар на законодавниот дом Жарко Денковски доби рок од седум дена за да изготви список со отсуства на пратениците.
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски им даде рок на опозициските пратеници до вечерва да се премислат за нивниот мандат да не влезе во процедура.
Потоа Денковски ќе започне да го подготвува извештајот со оправданите и неоправданите изостаноци на сите 123 пратеници, а за оние кои ќе се констатира дека повеќе од шест месеци не се појавиле од Собранието ќе започне постапка за одземање на мандатот. Извештајот ќе биде проследен до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, која треба да ги поднесе предлозите за одземање на мадатите. За одлуката формално да помине, потребно е и дво третинско мнозинство на пленарна седница во Собранието.
Според собраниски извори, владејачкото мнозинство е подготвено постапката да ја одолговлекува за да се даде уште една шанса на политичкиот дијалог. Сепак, се очекува самиот почеток на процедурата да направи притисок врз оние пратеници од опозицијата кои се залагаат за прекин на бојкотот.
Една од варијантите за одолговлекување на решението е необезбедување на дво третинско мнозинство, особено по изнесените ставови на ДУИ дка партијата на Ахмети е генерално против одземање на мандатите, а без нивните пратеници такво мнозинство не може да се обезбеди.
Слично
