Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посредништвото на ЕУ и САД ќе биде пресудно за крај на кризата!

Посредништвото на ЕУ и САД ќе биде пресудно за крај на кризата!
Добро е што има преговори во Брисел со посредништво на европски политичари и дипломати. Но, имајќи предвид дека американската дипломатија досега се покажа како поефикасна од европската за решавање на многу деликатни прашања на стариот континент, особено на Балканот и во Источна Европа   сметам дека од голема полза може да биде доаѓањето на високи функционери од Стејт Департментот,  односно на заменикот-помошник државен секретар за европски прашања и на американскиот амбасадор во ОБСЕ, Баер.  Ова оценка  за Фактор ја дава  Емил Крстевски,  автор на неодамна промовираната книга  „Политиката на САД,  Медитеранот и Арапската пролет“ . Според   поранешниот новинар  и доктор по политички науки  во јавноста се добива впечаток дека довербата во институциите кај нас кои се одговорни за решавање на политичко-правната криза е целосно разнишана,  па тоа може да создаде одредени дополнителни фрустрации кај политичките партии од двата блока и кај оние што се на власт и оние од опозицијата. „Како што поминува времето така растат тензиите во врска со разрешувањето на политичката и правната криза и нема голема надеж за скорешно расчистување на работите,“ вели Крстевски Тој оценува  се дека засилувањето на европската со американската поддршка може да придонесе за поефикасно, пообјективно и воопшто за потранспарентно трасирање на патот кон излез од политичко-правната криза во Македонија. Фактор: Проценките се дека  европската тројка нема моќ да изврши поголем притрисок врз власта и опозицијата.   Дали посетата  на  високиот преставник на Стејт депертментит е најава за подигнување на нивото  на преговори со евентуално вклчување на  високи преставници од Брисел и Вашингтон? Крстевски: Очекувам дека на европските политичари ќе им биде добредојдена помошта и поддршката од американскиот Стејт Департмент со што и одговорноста на ЕУ на извесен начин ќе биде помала во однос на успешната, ефикасна и објективна разврска на нашата криза. Фактор: Може ли политичката криза да ја решат сами ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ако се земат во предвид пораките од меѓународниот фактор дека тие ќе нудат и идеи и предлози, но дека решението  ќе треба да го испорача  Скопје? Крстевски: Досега се покажа дека политичките партии од власта и од опозицијата немаат капацитет и политичка волја сами да ја решат кризата во која западнаа по таканареченото демонтирање на системот со кој владее сегашната гарнитура со повеќето институции. Решението ќе се бара во Скопје, но очигледно е дека посредништвото на ЕУ и САД ќе биде пресудно во врска со целата состојба. А како ќе се одвиваат работите засега може само да претпоставуваме. Можеби наскоро ќе се наѕираат некои битни точки и прашања врз кои ќе се темелат излезните решенија. Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести