Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последниве месеци цените на угостителските услуги без промени

Последниве месеци цените на угостителските услуги без промени

Индексот на цените на угостителските услуги во декември  лани во споредба со ноември истата година, остана на исто ниво. 

Ова е наведено во соопштение на Државниот завод за статистика. 

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.  Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.2%.

Ако се спореди претходно, цените на угостителските услуги во ноември  во однос на октомври 2016 година останале на исто ниво, а во однос на ноември 2015 се зголемени за 0,4%. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември лани, во однос на истиот период од 2015 година, цените на угостителските производи се зголемени за 0,4%, а во однос на декември лани  за 0,2%. 


Слично

Поврзани вести