Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последна шанса за купување на дворното место по едно евро за квадрат

Последна шанса за купување на дворното место по едно евро за квадрат
Десетици илјади граѓани во следниот период ќе ги откупат своите дворни места по цена од едно евро за квадратен метар, очекува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој вели дека кај граѓаните постои голем интерес да ја искористат можноста и продолжениот рок за девет месеци и да си ги откупат дворните места по оваа цена. „Ние дадовме уште една шанса во следните девет месеци оние коишто од било која причина претходно не го откупиле дворното земјиште да може да тоа да го направат по цена од едно евро по метар квадратен. Тоа е последна шасна за граѓаните. Апелирам сите да ја искористат“, рече Ставрески.
Слично

Поврзани вести