Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОЧНАА: Британија ги крева даноците заради Брегзит

ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОЧНАА: Британија ги крева даноците заради Брегзит

Министерот за финансии во Велика Британија Џорџ Озборн соопшти за зголемувањето на даноците во земјата и намалувањето на буџетските трошоци во врска со референдумот за повлекување од ЕУ, пишува Ројтерс.

„Сега се наоѓаме во еден подолг период на економска регулација, ние ќе свикнеме на животот надвор од Европската унија, но овој живот нема да е толку розов, како во рамките на ЕУ. Сега треба да се обезбеди даночна безбедност за граѓаните, треба да и покажеме на Велика Британија и на светот дека владата ќе биде во можност да се справи со своите задачи “, рекол Озборн.

Сепак, оваа влада ќе треба да преземе серија непопуларни мерки. Само пред 2 недели пред Брегзит, Озборн коментираше за евентуалното зголемување на даноците, ако Велика Британија ја напушти ЕУ. Сега, сепак тоа ќе биде факт, за да се компензира буџетскиот дефицит во земјата преку зголемување на даноците.

Основната стапка на данокот од доход може да се зголеми за 2% (до 22%), данок на наследство - 5% (до 45%), акцизите за бензинот и алкохол - со 5%. Државните расходи за здравство, одбрана, образование, полиција и транспорт ќе бидат скратени, коментира Озборн на 15 јуни.

Во одговор на новинарското прашање за можното зголемување на даноците и намалување на буџетските трошоци, Озборн беше краток „Да, апсолутно“", изјави шефот на британската каса.

Претходно беше соопштено дека Брегзит до моментов ја чини светската економија 3 трилиони долари.

Слично

Поврзани вести