Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДИЦИ ОД БРЕГЗИТ: Осум земји ќе мора итно да го воведат еврото!

ПОСЛЕДИЦИ ОД БРЕГЗИТ: Осум земји ќе мора итно да го воведат еврото!

Откако Велика Британија одлучи да ја напушти Европската унија, осум земји членки на Европската унија кои уште не го користат еврото како службено средство на плаќање можеби ќе мора итно да ја воведат заедничката европска валута, пишува британски „Дејли експрес“.

Како што се наведува, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер би можел да им наметне ултиматум на Хрватска, Данска, Бугарија, Шведска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија. Тој после Брегзит сака што побрзо да ги поврзе останатите членки на Унијата со заедничка валута, со што ЕУ ќе стане монетарна унија во целина.

И германскиот „Frankfurter algemajne cajtung“ исто така, наведува дека после Брегзит ќе ги забрза плановите за довршување на монетарната унија.

И покрај прозивките, Јункер продолжува со притисокот што е во согласност со планот на итно воведување на еврото во земјите кои уште не го користат, пишува „Дејли експрес“.

Откако Британците се изјаснија за излез од Европската унија, досегашниот европски доверител за финансии, Британецот Лорд Хил поднел оставка, а на негово место дојде Валдис Домбровскис, кој веќе претходно искажуваше свој цврст став за воведување на еврото во сите земји членки.

Слично

Поврзани вести